Во 2023 во Македонија опаднал бројот на склучени бракови, пораснал бројот на разводи

Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите.

Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат
мажите.

Во 2023 година, според возраста најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4228
или 33.4 % кај жените и 4450 или 35.1 % кај мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.1 година за младоженецот.

Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4 % во споредба со 2022 година и изнесува 1765 разведени
брака.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, односно 66 или 3.7 %, а најмногу, односно 201
или 11.4 % во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17.6 % кај
жените и 295 или 17.6% кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи 393 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Треба да знаете
Последни објави