Лидер на СДСМ може да биде само некој што бил заедно со членството кога било најтешко, некој со кого сме ги газеле заедно улиците, некој со кого сме ги делеле пендраците, ударите на режимот, шаторите…, пишува на социјалните мрежи директорот на Македонија пат и член на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски.
Според него, на СДСМ и треба лидер херој а партијата имала доста такви во своите редови.
„Лидер на СДСМ може да биде само некој што ги познава членовите, што диши заедно со нив, што знае каде се Општинските…Лидер на СДСМ може да биде само некој што има храброст да ги поведе хероите кои никогаш не калкулираат и секогаш се во првите редови! И имаме ние и те како такви личности. Жива е партијата!“ пишува Ацевски.