Во медиумите се прошири информацијата дека матурантите кои полагаа државна матура и со помош на истата треба да се запишат на некој од факултетите, и оваа година ги пробиле прашањата и одговорите на истите беа споделувани на вибер група.
Граѓаните на големо коментираат дека ваквата практика на учениците не им оди во прилог, а надлежните не знаат како дошло до пропустот.
Со свој коментар на ситуацијата на социјалните мрежи се огласи и доктор Нико Беќаровски, кој е познат по искрените коментари поврзани со секој општествен и граѓански проблем.
“Тие што сами го решаваа тестот на матурскиот испит за 4-6 години ќе заминат во Германија.
Тие што препишуваа на матурскиот испит за 4-6 години ќе бидат Раководители во јавниот сектор.
Другите, кои воопшто не полагаа, тато ќе им купи диплома и од задутре ќе бидат функционери.
#МногуЗнаењеЦелЖивотКаење”, стои во објавата.