Вучиќ објави снимка од кафанска прослава по победата на изборите – „Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“

Локалните избори во Србија се одржаа во недела во 89 градови и општини. Според првите проценки, листата на СНС има најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад.

Претседателот на Србија и член на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, по вчерашните локални избори и победата, оцени дека Србија влегува во нова ера и нагласи дека сега сите имаат јасен и отворен мандат за реформите и промените неопходни за српското општество.

„Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“, пишува под видеото од прославата што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што го објави на својот Инстаграм профил.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Треба да знаете
Последни објави