СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..
Исто така, четириесет и деветгодишна скопјанка во саботата околу 21 часот го пријавила својот сопруг откако тој физички ја нападнал.
„На 01.06.2024 во 21:10 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг В.В. од Скопје“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.