Коцевски: Можна е јавнообвинителска одлука во врска со изборот на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најавува дека наскоро Јавното обвинителство би можело да излезе со одлука во врска со изборот на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“.

-Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и јас сметам дека, можеби набрзо, Јавното обвинителство ќе излезе со јавнообвинителска одлука, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за предистрагата за тендерот за избор на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

За предистрагата за тендерот за избор на надзор над изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, државниот јавен обвинител информира дека се преземени доста работи и дека наскоро, исто така, може да има јавнообвинителска одлука.

Прашан дали со ваквиот одговор сака да најави отворање истрага за овој случај, тој во интервјуто не одговара директно, туку вели дека многу работи се испитуваат токму во делот со лиценците.

Треба да знаете
Последни објави