Уставните судии денеска во нов обид да изберат претседател на Уставниот суд откако изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги, односно да добие шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство.
До вчера траеше тригодишниот мандат на Добрила Кацарска како шефица на Судот.
Ако судиите не изберат свој претседател и денеска, Уставниот суд ќе навлезе во уставно-правна криза.
И во минатото имало ваков случај, но гласањето не се повторувало повеќе од два дена.
Според Деловникот за работа, тајното гласање ќе се повторува се додека не биде избран нов претседател, со потребното мнозинство.
Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд се и Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.