Денеска во седиштето на СДСМ е поднесена првата кандидатура за претседател на партијата за третите вантрепартиски избори.
Изненадувачки, првиот кандидат што поднел кандидатура е Златко Ристовски, партиски активист од Битола и релативно непознат за пошироката јавност.
За утре, најавено е кандидатури да поднесат Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Венко Филише.
Иако се шпекулира во јавноста, официјално досега Стефан Богоев и Александар Бајдевски се уште немаат официјални потврдено дали ќе се кандидираат за лидер на СДСМ.
Крајниот рок за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ е в четврток а ќе се гласа на 30 јуни.
Претходно, на осми јуни (сабота) СДСМ ќе одржи и отчетен конгрес.