Млад човек е убиен во пукање што се случи во ресторан во Сомур, во францускиот департман Мен и Лоара, кога непознат маж вооружен влегол во објектот.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата активно трага по напаѓачот кој побегнал по пукањето.
Додека неколку луѓе вечерале на терасата од ресторанот, влегол маж со пиштол во рака и почнал да пука кон масата каде убил 21-годишен млад човек, кој бил ранет во стомакот и повредил уште еден во рака, пишува „Блиц“.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство, а како причина се наведува долг од 80 евра кој жртвата му го должи на напаѓачот.