Вчера на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, пред надвозник од пешачкиот мост, при отворање на врата од патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(27) од Скопје, била удрена инвалидска количка управувана од М.Ш.(57) од Скопје.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил М.Ш., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид.