Поради повреда на коленото, најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот Ролан Гарос, соопштија денеска организаторите на турнирот.
Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серундола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3.
Токму на тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено, за што се испостави дека е посериозна повреда.