Преку Центарот за управување со кризи бил надминат проблемот што го имале компаниите „Македонски Телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје со нивната централна преносна базна станица што се наоѓа на кровот од хотелот „Евротел“ во Струга, која поради нерасчистени имотно правни односи, била исклучена од довод на електрична енергија.
Лица од Регионалниот ЦУК Струга оствариле контакт и комуникација со сите три засегнати страни за да се овозможи пристап и техничко решение за повторно активирање на конкретната базна станица.
-Центарот за управување со кризи, по доставено барање до директорот Стојанче Ангелов за помош и поддршка за решавање телекомуникациски проблем во Струга и Струшкиот регион, воспостави комуникација меѓу засегнати страни преку РЦУК Струга за изнаоѓање решение на проблем што долгорочно сериозно може да влијае на нарушување на мобилните комуникациските врски и интернет конекцијата.
Конкретно, преку ЦУК се премости и надмина проблемот што го имале двете компании, „Македонски Телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје со оневозможеното нормално функционирање – пренесување редовен и квалитетен сигнал до граѓаните.
Нивната централна преносна базна станица, којшто се наоѓа на кровот од хотелот „Евротел“ во Струга, поради нерасчистени имотно правни односи, била исклучена од довод на електрична енергија, а во тек на неодамнешно невреме во последните денови од мај (од молњи и грмотевици со дождот што го има зафатено во овој период тој регион), се вели во днешното соопштение од ЦУК.
Како што појаснуваат од Центарот, не навлегувајќи во решавање на имотно правните односи и легитимноста на правниот застапник на објектот на којшто е базната станица помеѓу двете компании, Секторот за операции и координација на ЦУК, по налог на директорот Ангелов, испратил свои вработени лица од Регионалниот ЦУК Струга да остварат контакт и комуникација со сите три засегнати страни за да се овозможи пристап и техничко решение за повторно активирање на конкретната базна станица.
-Вчера двете компании „Македонски Телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, се заблагодарија на ЦУК за поддршката и пружената помош во надминување на проблемот за реактивирање на базната станица на хотелот „Еуротел“ во Струга.
Истовремено, информираа за причината и за надминувањето на проблемот, за којшто и дополнително ќе се решава, без да се нарушува и прекинува телекомуникациската услуга за граѓаните, информираат денеска од ЦУК.