На Клиниката за урологија ќе работи една сала во две смени, од денеска и официјално имаме известување од директорот дека ќе се почнува со елективна програма, најдено е некое привремено решение, затоа што еве веќе три недели има технички проблем.
Привремено решение со поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала. Сѐ уште нема трајно решение за оперативните сали. Каков ќе биде целиот систем на гасовод и на компресорските станици, уште не се знае. Не работиме со полн капацитет. Најавено е дека од понеделник ќе бидеме спремни да работат две сали со селективна програма.