Кандидат Албанец во баталјонот „Волци“ брутално претепан од македонски колеги, тврдат од коалиција ВРЕДИ

Бруталното претепување на кандидатот Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ од неговите македонски колеги е ѕвонче за тревога, се истакнува во соопшетнието од коалицијата „Вреди“:

„Овој аларм треба повеќе да ги загрижува албанските кадри во Министерството за одбрана, особено заменик-министерот, сега актуелен министер Тирон Јајага, кој мора да објасни зошто се случило тоа и зошто тој дозволил да се дојде до ваква ситуација. Ние прашуваме како може човек повикан на професионализам и соработка со НАТО да дозволи и да не преземе одговорност за ваков скандал? Како може ваков скандал да помине без одговорност, дури и од техничкиот премиер Талат Џафери и од в.д. министерот за внатрешни работи, Назим Буши? Дали е ова некое антиалбанско сценарио подготвено од Владата, сега веќе во заминување, за да создаваат меѓуетнички тензии?“, прашуваат од „Вреди“.

Ги повикуваат и истражните органи што побргу да го расветлат овој случај.

„И сторителите, кои го претепаа албанскиот капетан, да излезат пред правдата, како и да се дозне вистината кој и зошто го испратил во психијатриската болница во Бардовци? Кому му смета напредокот на Албанците во прашањата за државната безбедност и одбрана“, реагираат од „Вреди“.

Треба да знаете
Последни објави