Доскорешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска денеска во 10:30 часот ќе ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ.
Петровска до органите на партијата ќе поднесе лична и партиска биографија како и Програма за работа во следните четири години, насловена како „Манифест“.
Петровска доаѓа од Општинската организација на СДСМ во Бутел и е долгогодишен член и функционер на СДСМ.
Пред да стане министерка, таа беше пратеничка, а во 2020 година беше и дополнителен заменик министер за внатрешни работи во тогашаната преодна Влада.
Петровска ја извршува функцијата претседавач на Централниот одбор на СДСМ од jануари 2024 година.