Мицкоски: Ве уверувам дека имаме повеќе од 80 пратеници

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.

Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

ВМРО- ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата се уште не се соопштуваат официјално.

– Очекувам новата влада да биде избрана пред крајниот рок. Теоретски ние можеме уште утре да ја изгласаме владата. Но во согласност со плановите за рекомпонирање на владата кои ги прифатија нашите коалициски парнтери, потребно ни е 2/3 мнозинство. Покрај за ова 80 пратенци ни се потребни и за клучната работа, битката со криминалот и корупцијата, а тоа ќе го направиме со распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Ве уверувам дека имаме повеќе од 80 пратеници, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави