Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните денови ќе има мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени, велат од УХМР.
Во Скопје и регионот, ќе биде многу топло и претежно сончево. Услови за краткотрајна нестабилност има особено во понеделник, а најтопло се очекува на средината од следната недела.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/448029696_910134707791076_5534338307301509563_n.jpg)