Во импровизиран автосервис-гаража во скопско Ново Лисиче попладнево избувнал пожар.
Причинета е само материјална штета која допрва ќе се утврдува. Нема повредени лица.
Командирот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески во изјава за МИА информира дека пожарот е изгаснат, а на негово гасење интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.
„Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени“,изјави командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески.