На единствениот повикувачки број 112 во ЦУК од утринава до пладне се добиени повеќе повици за итни случаи од коишто неколку се покарактеристични.
На 112 пријава за пронајдена фрлена бомба – граната во двор што не е експлодирана, во село Романовце.
Таа била фрлена во дворот во куќа чии сопственици не се во државата и се во Швајцарија.
Настанот го пријавил зетот на сопствениците. Од ЦУК веднаш се известени во ОЦ СВР Куманово, за безбедносна постапка.