Не се случило досега неодржување на конгрес во СДСМ.
СДСМ имал тешки периоди и порази, но никогаш не се случило раководството и центрите на моќ во партијата да добијат ваква шлаканица од членовите.
Она што се случи денес не е добро. Вознемирен сум како и голем дел од членството.
Со години наназад, а особено последниов период, членовите се третирани како гласачка машина. Постојано им се сервираат готови решенија.
Доколку се продолжи со продавање на приказната дека во СДСМ работите се однапред решени, дека процесите се однапред креирани од еден центар на моќ, пак ќе се соочиме со истиот одговор, како денес.
Сите оние кои се повикуваа на членството и на „базата“ добија шлаканица и јасна порака од тоа членство дека се незадоволни.
Енергијата и тимот кои се мобилизирани околу нашата програма е голема и позитивна.
Точно е тоа дека на СДСМ му треба победнички лидер а не пазарџија.
Моите противкандидати ја одбија мојата покана да потпишеме изјави дека изборите ќе се базираат на понудените програми а не на пазарења. Со тоа оставија простор дека трката се креира на друго место, а не кај луѓето.
Во програмата предлагаме да ја вратиме моќта на одлучување кај членовите.
Мораме да имаме процес во кој ќе има победник избран од членовите, а не лидер кој е однапред договорен, без пазарења. А тој победник и таа победа ќе бидат првата победа за Новиот СДСМ
Клучна реформа која ќе ја воведам како претседател на СДСМ е сите кандидати за партиски и јавни функции, градоначалници, пратеници, кандидати за претседател да се бираат директно од членовите. Така ја враќаме моќта кај членовите. Функционерите да бидат одговорни кон луѓето, не кон централата во Скопје или каде и да е на друго место.
Во изминатите денови ни пристапија стотици луѓе. Кон крајот на изборната трка ќе објавиме програма која е дополнета со сите нивни предлози и размислувања.
Фејсбук статус на Јован Деспотовски – кандидат за претстедател на СДСМ: