Утревечер промоција на Програмата на Славјанка Петровска

Утревечер од 19.00 часот во просториите на општинската организација на СДСМ во Бутел кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска ќе ја промовира својата програма.

Со програмата ,,Манифест за социјалдемократијата” Петровска ќе ја бара довербата да стане следниот претседател на СДСМ.

Внатрепартиските избори во СДСМ се закажани за 30 јуни а покрај Петровска други кандидати се и Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Треба да знаете
Последни објави