Со средба со пријавените волонтери, кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски ја започна својата изборна кампањата. Деспотовски при објавувањето на кандидатурата упати повик до сите кои искрено сакаат да придонесат и да се вклучат во промените и реформата на СДСМ. Волонтерите кои се на различна возраст и речиси од цела Македонија ги споделија своите идеи и се подготвени и посветени да ги поттикнат промените наведени во програмата.
„Ентузијазмот и посветеноста на нашите волонтери се навистина мотивирачки. Нивната посветеност за нашата визија и нивниот проактивен пристап се токму она што ни треба за да направиме промени за кои се залагаме. Особено охрабрува бројот на волонтерите кои до сега се одѕваа и се пријавија да ни се приклучат. Навистина е мотивирачка енергијата со која тие пристапуваат кон сите теми кои се дел од нашата програма и нивниот придонес со свои идеи. Тоа е и основата на нашата програма, Нов почеток, нов СДСМ. Овде секој глас е ценет и важен и секој член ќе има улога во обликувањето на нашата иднина. Тука место за сите кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува,“ им порача Деспотовски.
До сега на повикот се пријавија над 50 волонтери. Во најголем дел од Битола, Тетово, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Пробиштип, Карпош, Крушево, Свети Николе, Богданци и од други општини.