Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Штајнмајер на приемот за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина

Претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави