Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.