Средба Османи- Фидан 

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан кој престојува на работна посета на Северна Македонија.

“Северна Македонија и Турција одржуваат традиционално добри билатерални односи. Се надевам дека оваа динамика ќе биде уште посилна во наредниот период. Турција претставува важен пријател и сојузник на Северна Македонија. Имаме повеќе од 30 години дипломатски односи и во овој период изградивме многу мостови меѓу нашите граѓани” истакна Османи.

Според Османи, неодамнешното отворање на почесниот конзулат во Анталија, а минатата година и во Едрене и во Амасија ќе придонесуваат во збогатување  и проширување на соработката со регионите со акцент на трговијата и туризмот. 

Покрај начините на користење на потенцијалите за економска соработка меѓу двете земји, тема на разговор беше и мултилатералната соработка во рамки на меѓународните организации, со посебен фокус во сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата. Соговорниците разменија мислења и за други актуелни прашања од надворешната политика.​

Треба да знаете
Последни објави