Пензионер паднал во автобус на ЈСП и тешко се повредил

МВР информира дека синоќа во 19.30 во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, управуван од Т.Г.(50) од с. Петровец, Скопско, паднал и се повредил патникот З.А.(74) од Скопје .

Тој бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави