Македонската кадетска репрезентација за одбојкарки до 18 години, неделава ја очекува настап на Балканското првенство (БП) во Тирана (Албанија). На ова натпреварување ќе настапат осум селекции, а Македонија е во групата А, заедно со домаќинот Албанија, потоа со Романија и со Бугарија. Во група Б се селекциите на Турција, Србија, Црна Гора и на Молдавија. Првите две репрезентации од двете групи обезбедуваат пласман во полуфиналето, третопласираните ќе играат за петтото, а четвртопласираните во групите за седмото место.
Селекторот на Македонија, Александар Митев, одбра 18 одбојкарки од вкупно осум клуба, подготовките се одвиваа во Струмица, а денеска е предвидено репрезентацијата да отпатува за Тирана. На списокот на Митев се одбојкарки што играа во јануарските европски квалификации во Софија (Бугарија) и на априлските во Врњачка Бања (Србија), а тоа значи дека за оваа генерација одбојкарки, ова натпреварување е трето годинава.
Боите на Македонија на Балканското првенство ќе ги бранат Мартина Азманова, Викторија Трајкова, Ивана Милева (Наковски волеј), Матеа Сотировска, Софија Георгиевска, Јована Каленикова (Газели волеј), Ева Ристовска, Матеа Петровска, Ирена Узунова (Бами Кор), Билјана Јаковлевска, Лиле Лозановска, Анастасија Ристевска (Пелистер волеј), Ана Ѓорѓиевска, Елена Трајковска (Вардар ЕМ), Симона Наковска, Ива Илиева (Јанта волеј), Стефанија Кипријановска (Младост УГД), Андротеа Милевска (Работнички Скопје)
Извор: Нова Македонија