По шест години денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода. Информацијата за МКД.мк ја потврдија и од затворот. Јанакиески издржуваше затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“.
Јанакиески во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколку пати беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово, а потоа во Шутка.
Јанакиески доби условен отпус со одлука донесена од Апелацискиот суд Скопје.
Од формирањето на СЈО, Јанакиески кривично беше гонет за неколку судски случаи.