На 17.06.2024 на ул.„Борка Талески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол се заканувале на 35 – годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена.
Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли. Исто така, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.