Полицијата го сомничи Е.М. (37) од Струмица дека синоќа заедно со тројца малолетници физичи го нападнале Е.И. (23) и неговата сопруга во нивниот дом во Струмица. При нападот со остар предмет му нанел повреда на младиот струмичанец.
Како што соопштија денеска од СВР Струмица, напаѓачот бил лишен од слобода и бил задржан во полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица.
Во соопштението се додава дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.