Изминатиот викенд во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје преку кој се обезбеди боја и сите потребни материјали за работа, заедно со повеќе од 60 волонтери успеавме да искречиме повеќе од 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на бездомните кучиња, 40 врати и ги обновивме реквизитите за игра во парковите во ЈП Лајка – нешта што беа повеќе од потребни за пред се да се дезинфицира прифатилиштето и да изгледа подобредојдено за секој што сака да не посети и да вдоми куче.
Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме на сите прекрасни луѓе и деца, од сите возрасти кои со нивната посветеност и труд беа навистина инспиративни и без нив немаше да успееме да направиме подобра средина за бездомните кучиња.
Овој ден ке остане засекогаш исцртан на ѕидовите на ЈП Лајка преку муралот и пораките на нашите познати уметници Драш и Мачка кои работеа заедно со нас да ја обоиме Лајка и да го разубавиме светот на кучињата.