По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за култура и туризам! Напиша на Фејсбук, Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.
Голема чест за мене,голема одговорност и предизвик! Благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката! Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија! Ветувам напорна работа и брзи резултати! Истакна, Љутков.