Петровска за ТВ21: Би се воздржала од коментари за Владата, да ја видиме прво програмата на Мицкоски

Пратеничката и кандидатка за лидер на СДСМ, Славјанка Петровска денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека би се воздржала од коментирање на новиот состав на Владата.

Петровска вели дека прво сака да ја види програмата на мандатарот Христијан Мицкоски.

„Немам проблем со учество во Владата на претставници на политички партии кои и мислат добро на РСМ, и кој се залагаат за стратешките работи на државата и така ги водат политиките. Би се воздржала во делот на коментирање на Владата додека не ги добиеме официјално министрите, иако веќе ги читаме и нивните биографии. ПОвеќе сакам да ја видам програмата со која ќе настапи“, вели Петровска.

Треба да знаете
Последни објави