Денеска во 08.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода 46-годишниот В.С. од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од една година, поради сторено кривично дело по чл.235 ст.1 од КЗ на РСМ, извести МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.