Претседателот на Франција, Емануел Маркон денеска во Советот на министри побара од француската министерка за образование Никол Белуба оваа недела во училиштата да се одржи час за борба против расизмот и антисемитизмот.
Како што дознава БФМТВ, францускиот претседател се вратил на прашањето за борбата против антисемитизмот откако беше споменато силувањето во париското предградие Курбевоа.
Барањето е испратено неколку дена по групното силување на 12-годишно девојче во Курбевоа, со антисемитска позадина.
Од левата до крајната десница, политичките лидери го осудија чинот.
„Силување, антисемитизам: сè е одвратно во ова злосторство извршено во Курбевоа врз 12-годишно девојче“, напиша Белубе на платформата „Икс“.
Според наводите на опкружувањето на министерката, часот ќе се одржи и во основните и во средните училишта.
Две момчиња на возраст од 12 и 13 години се обвинети за силување, а третото е осомничено дека помагало и сведочело за силувањето на 12-годишно девојче во париското предградие Курбевоа. Како што пренесе „Паризијен“, истрагата е отворена во саботата на 15 јуни по пријавата на девојчето.