Две лица од Непал кои биле ангажирани во приватна фирма од Скопје, го напуштиле хотелот во кој престојувале без да го пријават своето отсуство. Овласетно лице од фирмата, исчезнувањето на Непалците го пријавил во полиција.
„На 18.06.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.“ – стои во известувањето од МВР.
Минатата недела во еден ден дури 10 лица од Непал кои работеле во две различни фирми во Скопје и Тетово беа пријацени за исчезнати исто така.