Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, испрати честитки до Американците по повод Џунтин (Juneteenth), Ден на ослободување од ропството, празник што ги слави крајот на Граѓанската војна и укинувањето на ропството во Америка.
Амбасадорот истакна дека на овој ден САД ја слават слободата, наследството и влогот на Афроамериканците во американското општество.
-Но Џунтин не е само празник, тоа е признание на цврстината, силата и непомирливиот дух на Афроамериканците, кои во текот на многу генерации се бореле и победувале за правда и еднаквост, истакна таа.
Томас-Гринфилд подвлече дека ОН продолжуваат да настапуваат со заштита на правата и достоинството на сите луѓе но дека борбата со расизмот, дискриминацијата и омразата се уште не е завршена.
-Славејќи го Џунтин, Соединетите Држави ги потврдуваат своите заложби за заштита на човековите права и создавање на инклузивни општества во кои можат да просперираат сите, независно од расата, етничкото потекло или националноста, изјави таа.