По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во просториите на Факултетот, со почеток во 18 часот ќе се одржи свечено одбележување.
На настанот ќе бидат доделени дипломи за студентите кои магистрирале и дипломирале во учебната 2022/2023 година, плакети на истакнатите личности кои дипломирале на ТМФ, како и на вработените кои навршиле 35 години стаж во Факултетот.
Како што стои во најавата, во 20 часот во Аулата на ТМФ ќе се одржи и модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство под менторство на проф. м-р Лидија Георгиева.