На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
– Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ број 24, зад новата зграда на „Елем“, се појаснува во соопштението