Вчера во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Волковија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.Х.(67) од с.Вејце, тетовско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Р.(25) од Тетово, кои потоа удриле во две паркирани патнички возила „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Х. констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.