Пратеникот од редовите на ВРЕДИ, Фатмир Лимани вчера на својот Фејсбук профил сподели фотографија со мандатарот Мицкоски, Изет Меџити и пратеникот од Европскиот фронт, Исмаил Јахоски.
Во описот на фотографијата Лимани не напиша ништо освен прашалник, оставајќи простор за шпекулации дека можеби пратеникот Јахоски преминал во новата владеачка коалиција.
Во меѓувреме во Собранието продолжува расправата за избор на новата Влада предложена од мандатарот Мицкоски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата.