Германскиот весник „Билд“ објави интересен напис, каде секоја од 24-те екипи учеснички на ЕУРО ја прогласи за шампиони на Европа во необични категории.
Србија е најдобра во берење малини (15,8 кг годишно по жител), Данска по должина на годишен одмор (38 дена), а Хрватска по должина на живот со родители (мајка) – 32 години.
Германија е шампион во печатење и копирање, Англија по број на непушачи, Франција во кампување, Албанија во заштита на реките, Шкотска во кратки летови и Италија по казни за брзо возење.
Словачка произведува најмногу автомобили, Шпанците донираат најмногу органи, Португалците се најдобри во пиењето вино, а Украина произведува најмногу сончогледово масло…
Грузијците најрано стануваат родители, Чесите пијат најмногу пиво, а Швајцарците се најбогати со најголема просечна заработка.