Холивудската актерка Анџелина Џоли позира со 15-годишната ќерка Вивиен на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Тони 2024“, со кои се слават достигнувањата во американскиот театар.
Облечена во луксузна тиркизна тоалета од „Версаче“, Анџелина Џоли изгледаше како статуа на грчка божица. Тоалетот го стилизира со соодветни златни прстени, тиркизни алки и голема сребрена белезица од брендот „Алексис Битар“, пишува РТС.
Вивиен, една од близнаците што ги доби од бракот со Бред Пит, беше облечена во иста комбинација на бои – бела кошула и темнотиркизни панталони, елек и машна, а имаше и црни патики „конверс“ за да ја разбие монотонијата.
Големо внимание привлече новата тетоважа на ластовичка во лет во средината на градите на популарната актерка. Овој мотив е многу популарен во салоните за тетоважи и ја симболизира слободата. Птицата во лет метафорично претставува стремеж кон повисоки цели и слобода на духот, но, како и секоја тетоважа, може да има и индивидуално значење. Многумина шпекулираат дека станува збор за слободата што ја доби по разводот со холивудската ѕвезда Бред Пит.
Сите погледи беа вперени кон мајката и ќерката во координирани комбинации токму поради драмата со Бред Пит. Вивиен, која исто така беше асистент во продукцијата на мјузиклот The Outsiders, што го продуцира мајка ѝ, неодамна го отфрли презимето на својот татко Пит. Нивната прва биолошка ќерка Шајло го направила ова по 18-тиот роденден.
Нивната посвоена ќерка Захара исто така се откажа од презимето на Бред минатиот ноември кога беше примена во колеџот АКА. Тогаш оваа 19-годишна студентка се претставила како Захара Марли Џоли.