Џулијан Асанж постигнал договор со американските обвинители за негово ослободување

По речиси деценија и половина помината или во криење или во затвор, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж постигнал договор со американските обвинители кои го товареа за завера да прибави и објави доверливи информации поврзани со националната безбедност на САД. Тој ќе го признае делото и ќе биде ослободен.

ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ВЛАДАТА НА САД, ТОЈ ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ Е ВО ЗАТВОР И ЗАТОА СМЕТААТ ДЕКА ОТСЛУЖУВАЊЕТО НА ОВАА ЗАТВОРСКА КАЗНА ВСУШНОСТ СООДВЕТСТВУВА СО ПРЕДВИДЕНАТА ЗА ИЗВРШЕНИОТ КРИМИНАЛ. ЗАТОА, ТИЕ НЕ ГО ГЛЕДААТ ТОА КАКО НА ОСЛОБОДУВАЊЕ, ИАКО РЕЗУЛТАТОТ ОД ОВОЈ ДОГОВОР Е ДЕКА ТОЈ НЕМА ДА СЕ СООЧИ СО ОБВИНУВАЊАТА ВО САД, ОЦЕНИ ЕРИК ТАКЕР ОД АСОШИЕЈТЕД ПРЕС.

Неговиот брат им се заблагодари на сите кои го поддржуваа Асанж во текот на годините откога САД побараа негово екстрадирање од Велика Британија.

ПРЕСРЕЌНИ СМЕ ШТО КОНЕЧНО Е СЛОБОДЕН. ОВА БЕШЕ НЕВЕРОЈАТНО ДОЛГА ГОЛГОТА И МИЛИОНИ ЛУЃЕ ШИРУМ СВЕТОТ ГО ПОДДРЖУВАА ЏУЛИЈАН. АВСТРАЛИСКАТА ВЛАДА ИСТО ТАКА БЕШЕ ДЛАБОКО ВКЛУЧЕНА ВО ОВА, ОСОБЕНО ВО ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ, ПОРАЧА БРАТОТ НА АСАНЏ, ГАБРИЕЛ ШИПТОН.

Тој утринава бил ослободен од затворот Белмарш во Лондон каде ги помина последните пет години, откако британските власти го уапсија затоа што не се појавил пред судот да биде екстрадиран во Шведска, каде беше обвинет за сексуален напад. Асанж ќе се врати во неговата родна Австралија, но прво мора да се појави пред американски суд за овој договор да биде правно валиден пред американскиот правосуден систем. Тоа најверојатно ќе биде направено на Северно Маријанските острови кои се дел од американскиот комонвелт.

КАКО ДЕЛ ОД ПРИЗНАВАЊЕ НА ВИНА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО, ТОЈ МОРА ДА СВЕДОЧИ НА АМЕРИКАНСКА ТЕРИТОРИЈА, И ПРОЧИТАВ ДЕКА ТОА МОЖЕ ДА БИДЕ ОСТРОВОТ САИПАН. ЗАТОА, СЀ УШТЕ ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ВНИМАТЕЛНИ ЗА ТОА КАКО ОВА ЌЕ ПРОДОЛЖИ, БИДЕЈЌИ КРАЈОТ СЀ УШТЕ НЕ ПРИСТИГНАЛ, ВЕЛИ БАРНАБИ ЏОЈС, ОПОЗИЦИСКИ ПРАТЕНИК ВО АВСТРАЛИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ.

Обајавувањето на доверливи документи обезбедени со помош на свиркачи беше целта на Викиликс, кој Асанж го основа во 2006 година. Сајтот беше релативно непознат се до 2010 година кога започна да објавува доверливи документи поврзани со американските воени кампањи во Авганистан и Ирак. Оттогаш сајтот објави повеќе од 10 милиони тајни документи, кое според американската влада беше оценето како најголемото протекување на доверливи информации во историјата на САД.

Извор: Телма

Треба да знаете
Последни објави