Иако сите знаеме дека црешата е вкусно и здраво овошје, сепак она што е помалку познато е дека многу здрава е и нејзината дршка. Можеби сте виделе дека некои луѓе ги сушат дршките, а еве и зошто е тоа така.
Тие помагаат за болки, проблеми и болести со бубрезите, како и мочните канали, па дури и камен и песок во бубрезите.
Потребно е добро да ги исушите на сонце, па да ставите литро вода и да оставите да зовријат, а течноста да отстои еден час, по што се цеди.