Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.
Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20).
Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.
Најниски стапки има во Велика Британија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.
Генерално, стапката на смртност од оружје во Европа е исклучително ниска.
Повисоки стапки се бележат во Северна и Јужна Америка, каде што освен во Канада и Куба, во сите други земји стапката на смртност од оружје е повисока од онаа во Турција.
Стапката на смртност од оружје во САД е 41,69.