Разрешени дел од директорите на скопските клиники. Како што најави новиот министер за здравство Арбен Таравари, веднаш по преземањето на функцијата разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност и за кои не постои законска пречка за ексресно да ги напуштат фотељите.
Притоа први чии функции завршуваат се директорите на скопската Клиника за Неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија. Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската клиника.
Воедно, со одлука на министерот, разрешена е директорката Бесија Иљази на Клиниката за Токсикологија, околу чие работење се крена гоелма галама и бунт во редовите на клиниката. И покрај поплаките на вработените дека недостига стручен кадар, таа вработуваше лица кои немаа соодветно искуство, ниту образовение, но ја имаше поддршка од поранешниот министер Илир Демири. Таа не комуницираше на македонски јазик, ниту со вработените на клиниката, а ниту со новинарите, со што предизвикуваше дополнителен револт.
За потсетување, скопските клиники имаат по двајца директори од 2006 година. Според системот на врзани потписи, тие требаше да направат ефикасни реформи во здравството, а во исто време да ја зголемат контролата на работењето. Со текот на времето, проектот во јавните здравствени установи пропадна, а економските директори останаа да управуваат само на скопските клиники.