Во Шпанија, во заедничка акција на полициските сили од Франција, Шпанија и Турција, уапсени се 42 лица осомничени за шверц на големо количество канабис низ Западна Европа, како и за трговија со хероин во ЕУ.
Во акцијата е уапсен и водачот на бандата, кој со лажен идентитет бил во Шпанија, соопшти Европол.
Дополнително, извршени се 28 претреси на повеќе локации во Гранада, Малага и Севиља, како во резиденцијални обејкти, така и во објекти за производство на дрога.