На 49-годишна возраст почина американскиот пејач на рап-рок групата „Crazy Town“.
Полицијата во Лос Анџелес информира дека Шифти Шелшок чие вистинско име е Сет Бинсер, починал на 24 јуни во својот дом.
Причината за смртта се уште не е позната. Пејачот Бинсер, со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Извесно време, како што јавуваа американските медиуми, тој бил и во кома поради овие зависности.
Бинсер зад себе остави три деца.
Нивната песна „Butterfly“ беше светски хит, но поради неа беа наречени чудесна група со еден хит