Со цел промоција и развој на претприемништвото кај младите и невработени лица, Ексквизит во партнерство со Reconomy организира 4 (четири) едукативни обуки за 90 учесници, студенти на факултетски студии и невработени лица кои ќе се одржат во периодот од 12 јули до 23 јули 2024 година кои се наменети за развој на претприемнички вештини за дигитална трансформација и охрабрување за основање на нови старт-ап бизниси и нивна поголема конкурентност на пазарот. Едукативната програма вклучува детална агенда за 8 часа (еднодневна обука), односно 4 обуки кои ќе се одржат на следните термини:
12.07.2024
16.07.2024
19.07.2024 и
23.07.2024 година.
Reconomy како регионална инклузивна програма за економски развој на Шведската Меѓународна Агенција за развој на соработка (Sida) е имплементирана од Helvetas во партнерство со Help и има значајна улога во поттикнување на работните вештини на младите и ова е прва партнерска соработка од ваков вид во земјава. Ексквизит има долгогодишно искуство во реализација на бројни циклуси на обуки за успешното позиционирање на интернет пазарот, додека летниот циклус на обуки „Зграпчи го летото” има цел за помасовна едукација на младите идни претприемачи и приближување и запознавање на дигиталното трансформирање на бизнисите.
Заинтересираните можат да добијат повеќе информации за обуките на obuka@ex.mk или 078 442 052.